За по два сантиметри е зголемен водостојот на Дојранското и на Преспанското Езеро, а нивото на Охридското Езеро е поголемо за еден сантиметар во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, само водостојот на Дојранското Езеро е за 1,91 метар повисок од просекот за мај, додека нивоата на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,97 метри кај Преспанското и за 23 сантиметри кај Охридското Езеро.
Повисок од просечниот за овој период од годината е и водостојот на речиси сите реки во земјава и главно бележи зголемување во споредба со вчерашниот.
УХМР