Почитувани верници на Вранишката парохија! Потресени од трагедијата која што се случи во нашата соседна Србија,а која се случи како одраз на низа системски пропусти како и длабокиот морален пад на општеството во кое живееме,каде што моралното и конзервативното се заменува со неморал, каде верата се заменува со сексуални содржини, фолкорот со нов бизарен и вулгарен тип на музика. И разни други девијантни појави кои се наметнуваат како задолжителни ,,европски” норми.Сакаме да ве известиме дека на барање и предлог на група родители во нашата Парохија ќе започнеме со подготовка на едукативни трибини кои ќе бидат наменети кон овие теми бидејќи истите дирекно го загрозуваат опстанокот на Православното семејство. Воедно упатуваме и апел до сите оние родители кој имаат деца истите доколку можат да ги носат на неделните литургии во нашата црква.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски