петок, ноември 15, 2024
Охрид

ЛО Левица: Општина Охрид го деградира македонскиот јазик и неговот кирилско писмо

Во пресрет на Денот на македонскиот јазик, 5 Мај, Локалниот огранок на Политичката партија Левица потсетува дека на 11.11.2022 година, Левица до претседателот на Совет на Општина Охрид – Сашо Донев поднесе иницијатива за замена на странскиот израз ,,Bus Stop“ со соодветен поим од македонската лексика ,,Автобуска постојка“ на сите постојки во околината на Охрид. Иницијативата беше одбиена што е доказ за непочитувањето на законските мерки и постепено се ограничува и деградира јазикот, наместо да се унапредува и збогатува.

 

Со означувањето на автобуските постојки само на англиски јазик, постапено е спротивно на член 5 од Законот, кое постапување би значело и прекршочна одговорност за Општина Охрид и градоначалникот.

 

Македонскиот јазик е службен јазик во Република Македонија, односно македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо. Македонскиот јазик, покрај употребата во органите на државната власт, се употребува и во органите на локалната самоуправа како и за обележувње на јавните места, натписите во средствата за јавен превоз и во јавните објекти што е регулирано со Закон од Владата на Република Македонија и Министерството за култура.

 

Левица ЛО Охрид будно ќе го следи овој проблем и ќе алармира се до моментот кога проблемот ќе биде отстранет, затоа што македонскиот јазик е службен јазик во Република Македонија, односно македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо.

Со почит, Левица ЛО Охрид