АктуелноОхрид

(ФОТО) Паркирани автобуси во центарот на Охрид, граѓаните реагираат: Зошто не ги оставаат на паркингот за автобуси!

Нова сезона, стари проблеми. Туристи, екскурзии … Охрид и по празниците има гости, но дали тие ги почитуваат правилата?

Граѓани до редакцијата на Охрид 1 испратија фотографии на кои се гледа паркирани автобуси на улицата наспроти Општина Охрид. Тие реагираат затоа што на оваа улица треба да застанат автобусите само кои истовараат патници и веднаш да си заминат на паркингот за автобуси во близина на спортската сала Билјанини извори. Но, наместо само истовар, возачите ги паркираат и оставаат автобусите во центарот на Охрид со саати, а со тоа го попречуваат сообраќајот. На овој прекршок не реагира ни сообраќајната полиција.

Граѓаните додаваат дека подолг период се соочуваат со овој проблем и потенцираат дека редовно апелираат до надлежните да се изнајде решение во интерес на сите.

Да се надеваме дека оваа сезона, конечно ќе се стави ред и со овој проблем.

извор: Охрид 1