АктуелноОхрид

ФТУ Охрид започнува со публикување на квартален монитор (МКСИГ) за пазарот на осигурување во Македонија

Факултетот за туризам и угостителство Охрид од оваа година ќе објавува квартални извештаи за осигурителниот пазар во Македонија.

Целта на овие извештаи е да се даде длабинска анализа нa трендовите во осигурителниот сектор во земјата. Се фокусираме на различни аспекти на пазарот, како што се реалниот износ на премиите и штетите (наместо номиналните износи, поради значајното влијание на инфлацијата), структурата на пазарот и структурата на трошоците, за да обезбедиме сеопфатен преглед на индустријата на квартално ниво. Преку овој извештај, се надеваме дека ќе обезбедиме вреден ресурс за осигурителите, регулаторите, инвеститорите и другите засегнати страни на македонскиот осигурителен пазар. Веруваме дека овие извештаи ќе обезбедат цврста основа за разбирање на моменталната состојба на пазарот и идентификување различни можности и ограничувања.

Горди сме што придонесуваме за развојот на македонската осигурителна индустрија со публикување на регуларни квартални извештаи за осигурителната индустрија во земјата. Првиот квартален монитор (МКСИГ) за последниот квартал од 2022 година можете да го пронајдете ОВДЕ.

извор:ФТУ

автор: доц.д-р Бојан Србиноски