четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Таравари: Нашата партија нема намера да се меша во работењето на ниту една болница, почитувајќи ја нивната автономија во целост

Категорично го демантирам денешниот напис на порталот „Лидер“ во кој се тврди дека Алијанса за Албанците планира да именува нов директор на болницата во Охрид. Авторот на текстот се повикува на таканаречени високи извори од Министерството за здравство и е во целост едностран, без каков било обид да ме контактира како лице што е споменато во написот за коментар или појаснување, напиша на својот ФБ профил претседателот на АА, Арбен таравари.

Во објавата Таравари додава:

Како претседател на Алијанса тврдам дека наводите во написот се во целост лажни и неосновани. Нашата партија нема намера да се меша во работењето на ниту една болница, почитувајќи ја нивната автономија во целост.
Ваквиот сензационалистички, едностран и неаргументиран пристап во информирањето создава штета не само врз медиумот, туку и воопшто врз довербата на јавноста.
Јас и понатаму останувам отворен за соработка со сите медиуми, очекувајќи да ги почитуваат највисоките новинарски стандарди во своето информирање.

извор: ФБ Арбен Таравари