АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Охридски гимназијалци освоија прво место во квиз наменет за ученици од средните училишта

На 28 април 2023 година, од 13:00 до 15:00 часот во Младински Центар Охрид се одржа натпревар во знаење (квиз) наменет за ученици од средните училишта во Општина Охрид.

Во квизот право на учество имаа екипи составени од 4 натпреварувачи од охридските средни школи. Се натпреваруваа вкупно 14 екипи, односно 56 учесници од три средни училишта и тоа: ОСУ „Св. Климент Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Основниот концепт на квизот беше имаше ТРИ ГЛАВНИ ИГРИ, а вкупно во регуларниот дел од квизот имаше 40 прашања на повеќе различни теми (книжевност, историја, географија, биологија, хемија, физика, математика, ликовни уметности, дизајн, музика, забава, технологија, тв/радио, филм, култура).

Двата тима кои го освоија првото место се од нашето училиште и тоа, екипа 1: Маја Буџакоска, Петар Сарафилоски, Давид Кузманоски и Филип Илоски и екипа 2: Ангелина Бошкоска, Филип Крстески, Јана Патчева и Јана Џамтоска !!! Големо БРАВО!!!