На 28.04.2023 во 20.00 часот од полициски службеници од СВР Охрид-Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје во Охрид бил лишен од слобода 44 годишен жител од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: МВР