АктуелноОхрид

Охриѓанките Ана Бимбилоска и Теодора Голабоска најдобри на Првата национална олимпијада за вселената

Ана Бимбилоска и Теодора Голабоска, од основното училиште Јахја Кемал, се победнички на регионалниот натпревар од Првата национална олимпијада за вселената, што вчера се одржа во Охрид.

Нивниот краток, 7 минутен филм, насловен како “Големиот ден”, според жирито беше оценет како најдобар во низата проекти пријавени на натпреварот што се одржа под покровителство на Америкамската амбасада од Скопје.

Втората награда исто така беше доделена на тим од Јахја Кемал од Струга, додека третото место го освоија ученици од О.У. “Григор Прличев” од Охрид.

Трите најдобри тимови обезбедија учество во финалето на Националната олимпијада за вселената, која е закажана за октомври годинава, а наградата за најдобрите ученици е патување во центарот на НАСА во САД.

Извор: ОхридПрес