АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Охриѓанец крадел велосипеди во Гостивар

54-годишниот С.Ј. од Охрид е лишен од слобода на улицата „Панче Поповски“ во Гостивар.

– Тој се сомничи дека на подрачјата на Гостивар, Кичево, Охрид и други места извршил повеќе кражби на велосипеди, кои потоа ги продавал во други места. Тој бил задржан во Полициската станица во Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.