АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни христијани им го честита најсветлиот празник Воскресение Христово – Велигден

На Велигден го празнуваме животот и воскреснувајќи го Исус во нашите срца ги отвораме нашите души за љубов и радост.

Велигден нѐ учи за сонот кога ни се чини дека умира, тогаш само со верба и со волјата Божја може повторно да воскресне и да се исполни.

Да правиме добри дела за граѓаните и за нашиот Охрид потврдувајќи ја смислата на нашето живеење.

Нашата заедничка цел да биде горда Македонија за која вреди секоја наша болка, секоја промена, секоја возобновена надеж, секоја заедничка иднина.

Христос Воскресна!

Навистина Воскресна!

Честит и благословен Велигден!

 

 

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид