АктуелноОхрид

Агресивно однесување на охриѓанец кон полициски службеници

На 15.04.2023 во 22.35 часот, полициски службеници од СВР Охрид  приведоа едно лице на (39) години  од Охрид.

Тој, на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон лице  од Охрид и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.