АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Реализирана уште една хуманитарна акција од страна на Вранишката Парохија

Во низата хуманитарни акции кои ги реализира Вранишката Парохија се вбројува и денешната акција каде доставена е хуманитарна пратка а лична хигиена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.
-Денес беше повторно доставена хумана пратка составена од прибор за лична хигиена, наменета за дечињата кои се згрижени во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Со ова успешно завршена уште една од предвидените Хумани акции во склоп на Вранишка Парохија.Велат фалбата е гордост,а гордоста е грев,нам воопшто не ни е таква намерата туку сакаме да им изразиме голема благодарност на сите кои минатите денови се вклучија во ова Богоугодно дело,како и да ви дадеме поттик за што повеќе хумани акции.
Црковен одбор с.Враништа