АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Диви мачки снимени во заштитеното подрачје во „Вевчански извори“

Видео-снимкa од еколошкото здружение „Еко свест“ покажува како диви мачки се шетаат во заштитеното подрачје „Вевчански извори“.

Од таму наведуваат дека снимката е направена со помош на фотозамка како дел од мониторинг мрежата за следење на див свет.

 

 

Дивата мачка е преосетлив и плашлив дивеч, строго заштитен вид. Согласно Законот за ловство на национално ниво забранет е нејзиниот лов. Исклучив месојад, кој вообичаено оди ноќе и взори по својот плен, а начинот на исхрана го приспособува според условите на своето живеалиште. По изглед слична е со питомата мачка.

Ловот е забранета активност во споменикот на природа „Вевчански Извори“.

lokalno.mk