Јас, Оливер Цепенковски од Охрид, со цел на точно, транспарентно и целосно информирање на јавноста, ви го испраќам следното соопштение во кое е вклучен демант кој се однесува на објавената вест на ден 11.04.2023 година за „Нова дивоградба кај Самоиловата тврдина“. демантот упатен до соседите го објавуваме во целост:
Д Е М А Н Т
Јас, Оливер Цепенковски од Охрид, категорично и целосно го отфрла како невистинит насловот дека се гради „Нова дивоградба кај Самоиловата тврдина“, и делот од содржината на веста која се однсеува на изградба на нов објект – дивоградба после само 2 месеци од градбата на првата дивоградба.
Воедно укажувам дека на лице место воопшто не се вршат било какви градежни дејствија коишто се однесуваат на изградба на било каков објект, уште помалку објект без обезбедена соодветна градежна документација – дивоградба, напротив на лице место се преземаат градежни дејствија во насока на партерно уредување на недвижниот имот и негово оградување што впрочем е уставно загарантирано право на секој сопственик на недвижен имот во Р.С.Македонија.
Преземените градежни дејствија коишто беа извршени на терен се однесуваат на израмнување на теренот, и поставување на потпорен ѕид со цел на спречување на понатамошно лизгање на земјиштето во соседните парцели и спречување на евентуална ненадоместлива штета за што се поднесени соодветни пријави до надлежниот градежен инспекторат и националната установа за заштита на културното наследство Завод и музеј – Скопје за поставување на камена ограда.
Во целост ги демантирам изнесените наводи дека вршените градежни активности биле изведувани на затскриен начин со поставување на предмети и барикади до пристапот на местото, како и дека било оградено местото со зелена мрежа, од едноставна причина што сите преземани дејствија се врз основа на позитивните законски прописи и на начин кој што е предвиден со закон, и не постои никаква потреба од прикривање на овие дејствија – дотолку повеќе што ако навистина беа скриени воопшто не би можело истите да бидат забележани и фотографирани како што е направено од наводните загрижени граѓани.
Крајно во целост и најостро ги отфрлам изнесените тврдења дека со моите дејствија се манифестирало самоволие, поигрување и потсмевање со инспекциските служби и органите на Град Охрид, како што е објавено во повеќе медиуми, од причина што јас секогаш во моите дејствија сум бил насочен на почитување на сите надлежни органи и нивните вработени, како и на сите мои сограѓани, и никогаш сум немал интенција да функционирам надвор од предвидената законска рамка, а тоа се покажува и во моите напори да вложам дополнителни средства се со цел соседните недвижни имоти да немаат било какви евентуални последици или штета.
Водно би потенцирал дека правниот субјект Форт Кафе ДООЕЛ Охрид, коешто се провлекува во секој медиумски текст во контекстот на писмо од граѓани, нема никаква корелација со конкретниот случај со кој што се наведува, и со ваквите објави единствено се врши нарушување на угледот на кафетеријата која што 12 години ја извршува својата дејност, согласно сите законски регулативи, без никакви неправилности, и придонесува за туристичката понуда на градот како исклучително мирно, тивко и ненаметливо место, репрезент на Охрид, каде што жителите од стариот дел од градот се чести и секојдневни посетители и никогаш немале никаква поплака.
Врз основа на погоре наведеното, укажувам дека изнесените наводи се произволни и невистините и истите се пласираат од една иста група на граѓани сопственици на дивоградби, кои имаат за цел без докази на еден паушален начин да го нарушат угледот и честа на мене лично како и на правниот субјект Форт Кафе ДООЕЛ Охрид, кој субјект секогаш бил во склад со културното наследство на градот и работел со цел на унапредување на туристичката понуда на градот.
автор: Оливер Цепенкоски