среда, ноември 20, 2024
UncategorizedАктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Донев: ЈП како гарант дава една од деловните простории, а тоа го прави за да не биде извршен деловниот простор, зашто сметката на ЈП е блокирана

Претседателот на Советот, Сашо Донев денеска на 26. седница истакна дека треба да се анализираат и причините кога се носат ваквите одлуки, бидејќи ЈП е со блокирана сметка и да ги има средствата нема да ги уплати за нови возила, додавајќи дека не треба да се манипулира во јавноста дека претпријатието ќе ги изгуби деловните простории.
ЈП како гарант дава една од деловните простории, а тоа го прави за да не биде извршен деловниот простор, зошто сметката на ЈП е блокирана.
Со ова што го правиме ги спасуваме деловните простории на ЈП, бидејќи со исплатата на последната рата од претходниот кредит кој исто така е земен под хипотека, ќе станат слободни просториите и тие кои имаат побарување по дел на извршни сметки во ЈП, на кои сега им се повисоки каматите од јавниот долг, ќе добијат деловни простории и тоа сакаме да го спречиме.
Сметам дека треба да се даде поддршка на Одлуката бидејќи сме на три месеци пред летната сезона и капацитетите на ЈП ги знаеме, механизацијата и камионите кои ги има во моментов ги знаеме, а не сакам да зборувам колку средства се потрошени за резервни делови за камиони кои претходно биле набавени.
Во однос на сметките имаше поскапување и истото е резултат и на ажурирањето на податоците согласно имотните листови.