понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Започнува Страдалната недела пред Велигден

Последната седма недела од великот Велигденски пост е Страсната или Страдалната седмица. Таа недела од Велики понеделник до Велика сабота верниците ја поминуваат во строг пост , молитви и покајание.

На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос , неговото приведување и страдање на крстот.

Неделата се нарекува „страстна“ според старословенскиот збор „страст“ што значи страдање, трпение и болка.

На Велики понеделник црквата потсетува на осум библиски настани , четири од Стариот и четири од Новиот завет. Велики понеделник е старозаветниот Јосиф, намразениот од браќа си, ден на пророчките виденија, дена на маките во ропството и ден на праведниот Јов, како и ден на бесплодната смоква, неправедните лозари за крај на светот и очистувањето на храмот.

На Велики вторник православната црква го покажува Богочовекот Исус Христос како сезнаечки, кој во саботата кога го воскреснал Лазар знаел дека еврејските старешини го осудиле на смрт. На богослуженијата се читаат текстовите од Светото евангелие што ги опишуваат настаните што се случиле токму на Велики вторник кога Исус Христос изговорил најмногу поуки и поработил во Ерусалим. Тоа се неговите последни поуки и опомени пред да биде предаден и рспнат.

На Велика среда се споменува предавството на Јуда. На тој ден во спомен на жената која истурила миро на христовите нозе во црквите се врши една од седумте свети тајни – осветувањето елеј. Верниците тогаш се помазуваат со осветеното масло како лек за телесно и душевно  здравје.

На Велики четврток си споменуаме за Тајната вечера и се што се случувало тогаш – подговотката, миењето на нозете на апостолите , поуката за смирението и братољубието, посочувањето на предавникот и излегувањето на Јуда од вечерата. На тој ден Исус ја востановил Светата тајна причест во облик на леб и вино што го претставуваат телото и крвта Господова. На Велики четврток се служи литургија на Василиј Велики. Вечерта има бдеење и се читаат 12 евагелија за Христовите страдања.

На Велики петок нема литургија. Тоа е најжалосниот ден за Христијаните бидејќи Исус Христос бил осуден и распнат на крст. Во времето на смртта на Синот Божји земјата се затресла, Сонцето се помрачило а завесата во Ерусалимскиот храм се искинала на два дела. Наместо камбани во црквите се до недела се слуша звукот на клепалото.

Вечерта се изнесува плаштеницата која го озналува посмтното облекување и полагање во гробот на Исус Христос и се служи опело. По обиколакта околу храмот верниците минуаат под Плаштеницата.

Велика сабота е денот меѓу смртта и воскресението , меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста , исчекувањето пред Христовото Воскресение. На Велика сабота, последниот ден од Велигденскиот пост се служи опело за Исус Христос. Во раните попладневни часови се служи литургија на Св Василиј Велики. Во ерусалимскиот храм на светиот гроб на Господ Исус Христос во кој претходно се изгасени сте свеќи и кандила се пали светиот оган, што го прима ерусалимскиот патријарх и потоа го пренесува на народот.