Меѓународниот ден на Ромите не потсетува дека почитувањето на различностите е нашата најголема сила кон остварување на заедничките стремежи за подобра иднина на новите генерации.
Ромската заедница со својата културолошка уникатност е значајна алка во сите општествени процеси и многу важен дел од мултиетничкото живеење во Охрид и Македонија.
Посакувам заедно да продолжиме да ја негуваме толеранцијата, да ги надминуваме предрасудите и да обезбедиме еднаквост и социјална правда за сите.
Во мое лично име и во името на Општина Охрид примете искрени честитки за овој значаен празник со желби за добро здравје и големи успеси на секое поле, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.
All reactions:
2