Интензивно течат градежните работи за реконструкција на спортското игралиште во склоп на основното училиште “Св. Климент Охридски”.
Во моментов се работи на изградба на пешачката патека со гребење на старата подлога, по што следува нанесување на нова подлога, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.