Наш ИзборНаш изборОхрид

ОО СДСМ: Триесетина клима уреди, пуштени на најјако, во рекордно време го стопија повикот за субвенционирање на граѓаните

,,Триесетина клима уреди, пуштени на најјако, во рекордно време го стопија повикот за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за 2023 година”

Вчера охриѓани денот го поминаа пред општинската зграда барајќи објаснување од надлежните, зошто не им се примаат документите согласно повикот за субвенционирање на клима уреди !
Откако добија одговор дека повикот е завршен поради исцрпување на средствата, а истиот беше објавен истиот ден пред само час – два, се поставуваше прашање : Дали за да добиеш субвенции треба да бидеш партиски послушник на ВМРО – ДПМНЕ Охрид ?

Но, со оглед на тоа што најверојатно на надлежните не им успеало да го задоволат целото членство на кое му биле ветени субвенции, револтот изгледа станал уште поголем, се вели во соопштението од ОО СДСМ.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

Од далеку се гледа што направивте со повикот, почитувана Локална власт. Физички невозможно е охриѓани за два до три часа најпрво да разберат за повикот, па да ја соберат целокупната документација, и да аплицираат во архива. А при тоа, тие кои со сите сили успеаа да стигнат, а не беа претходно информирани како што беа Вашите избраници, беа пречекани со исказ: Повеќе среќа следен пат. Повикот заврши!

Целосно изрежирано и нашминкано во Ваш стил.

Епа со среќа нека им се климите на Вашите избраници!

Со оглед на тоа што очигледно не може да престанете да го манипулирате народот, следен пат направете го тоа малку пософистицирано. На ваков провиден мраз, народот не се лизга.

извор: ОО СДСМ