Охрид

Регионален натпревар „Млади библиотекари“

Денеска во 10 часот во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ на кој учество пријавија 14 ученици од Основните училишта во Охрид и општина Дебрца.
Тестот за натпреварувачите ќе се состои од 20 прашања на кои писмено ќе одговараат за време од еден час Натпреварувачите ќе се потпишуваат со шифра, а Комисија од Библиотеката по прегледувањето на прашалниците на посебен настан ќе го прогласи победникот.
Победникот од натпреварот ќе се стекне со право на учество на 22. Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој во организација на Библиотекарското здружение на Македонија годинава ќе се одржи во библиотеката „Искра“ во Кочани на 12 мај.
НУ Библиотека