АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Градоначалникот Пецаков на Ифтарска вечера по повод Рамазан Бајрам

Ми претставува особена чест и задоволство што во духот на заедништвото и взаемното почитување, ја организиравме оваа традиционална Ифтарска вечера, со цел да испратиме порака за поголема хуманост и солидарност.
Рамазанскиот пост ги буди и ги поттикнува најголемите човечки вредности и ни дава поука дека добрите дела се основен предуслов за мир и благосостојба.
Нека овој свет месец на сите верници им донесе радост, добра мисла и нека биде значаен мотив за поголемо разбирање и хармонија.
Празниците не учат да простуваме, помагајќи си едни на други и затоа посакувам вербата во Бога да ни даде сила да продолжиме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на мултиетничкото живеење и заеднички да градиме поубава иднина за нашиот Охрид и нашата Македонија.
Нека ви е на здравје постот и во радост и мир да го дочекате големиот празник Рамазан Бајрам. Нека вашите молитви ви донесат многу љубов, а вашите домови нека се исполнат со радост, која ги грее срцата и носи мир во душите.
Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме на ваков начин, сполотени и заеднички, да ги чествуваме сите големи верски празници и да создаваме моменти вредни за спомен и достојни за пофалба, пишува во својата објава на ФБ градоначалникот.