АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Синоќа затекнати 16 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Охрид

На 01/02.04.2023 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид, преземени се засилени контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале 16 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-04, Кичево-05). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.