АктуелноОхрид

(ФОТО) Заменик-градоначалникот Божиновски ги пречека и им подели пригодни подароци на децата од „Леон кидс плус“

На мое огромно задоволство пред Општина Охрид како заменик-градоначалник имав чест да ги пречекам и да им поделам пригодни подароци на нашите гости од Здружението за промоција на образование, животна средина, деца и лица со попреченост ,,ЛЕОН КИДС ПЛУС” – Скопје во рамките на еднодневната екскурзија во Охрид за деца и лица со попреченост од општина Аеродром.
Една од целите на Општина Охрид е токму и подобрување и поддршка на образованието, општествениот и социјалниот живот на сите деца и лица со посебен акцент на децата и лицата со попреченост, пишува во својата објава заменик градоначалникот Перчо Божиновски.
+3
All reactions:

Silvija Mojsovska, Mihajlo Filev and 37 others