сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Прва Академија за здравство

Истакнати здравствени лица дебатираа за новите методи и интервенции кои се воведуваат во јавното здравство. Во фокусот беа областите како кардиологија, кардиохирургија, анестезиологија, гинекологија и ортопедија
• Заклучок од Првата академија за здравтво е дека е неопходно повторно воведување на едукации во реномирани светски медицински центри
???? Доктор Игор Николов, претседател на Комсијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ со поенти????
• Искуствата на Академијата ги презентираа предавачи кои се врвни и докажани експерти во своите области како кардиологија, кардиохирургија, анестезиологија, ортопедија и гинекологија. За да се продолжи со нови методи во здравството неопходно е повторно активирање на едукациите во врвните светски медицински центри. Целта е, прво, да го зајакнеме нашиот здравствен систем од една страна, второ, да ги задржиме и мотивираме овие експерти кои ги имаат совладано вакви методи и процедури да останат тука. Очекувам оваа Академија да прерасне во традиција
• На долги стази е финансиски неодржливо да имаме здравствен систем кој се финансира со 4.4 проценти од буџетот, неопходно е ремоделирање на здравствениот систем
???? Доктор Кирил Пецаков се обрати на отворање на Академијата????
• Очекувам организирањето на Академијата за здравство ќе прерасне во една убава традиција и од година во година ќе претстои надградување
• Уверен сум дека сите говорници на оваа академија ќе успеат да ги пренесат нивните достигнувања во сферата во која работат, а со тоа ќе дадат придонес за понатамошно напредување на областа