сабота, ноември 23, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Охрид ќе го добие првиот споменик на хуманизмот во светот – Скултурата ќе биде поставена кај долна порта на 9-ти август

Во Охрид, ќе биде поставен првиот и единствен споменик на хуманизмот во светот.

-Охрид ќе го добие името центар на светскиот хуманизам и врз сопствената почва ќе го живее секоја година тој миг на прогласување на добитникот на светската награда на хуманизам со ставањето на името на добитникот на тој единствен споменик на хуманизмот во светот, вели Јордан Плевнеш-претседател на Охридската академија за хуанизам.

 

Овогодинешен добитник на наградата за хуманизам е македонстот Виктор Фридман, неговото име прво ќе биде испишано на постаментот од споменикот кој ќе биде висок 6 метра.

Поголема инспирација од ангелот во катедралната црква Света Софија и овој во Курбиново македонскиот народ не може да најде,вели Жарко Башески чие дело е скултурата.

„Сега најмогу треба, но штета што економски најтешко време се случува, најголеми кризи што не би требало да влијае врз создавањата, врз размислувањата на нашиот идентитетски израз“, вели Жарко Башески-скулптор.

Скултурата ќе биде поставена кај долна порта на 9-ти август, на празникот Свети Климент.Исто така ќе се одржи и меѓународна конференција на тема: “Што значи хуманизмот за Европа и светот”.Меѓу присутните ќе биде и поранешниот италијански премиер, Романо Проди.