Ретка фотографијастара околу 70 години, на која се гледа брод всидрен во реката Црн Дрим во Струга постира на ФБ Климент Маркоски. Тој во својот пост појаснува:
СТРУГА – ПЕДЕСЕТТИТЕ ГОДИНИ ЦРН ДРИМ КАКО ПРИСТАНИШТЕ ЗА ОХРИДСКИТЕ БРОДОВИ (Фото – Науме Јаканоски) – ретка фотографија
На овој потег од реката, во тие години, се одвиваа и ватерполо натпревари, пливање, кајак – кану натпревари, моделарски натпревари со изработени (во Народна техника) ПЛАТНОХОТКИ – едрилици, пливање и друго.
Се беше многу атрактивно и следено од огромна публика, од двата брега на реката. Ватерполо натпреварите обично се одвиваа ноќе под примитивни електрични светилки, кои висеа на оптегнати жици, од едниот до другиот брег.
На постот други стружани ја постирале и оваа фотографија од брод всидрен на истекот на Црн Дрим, каде што денес е хотелот Дрим.