Од јуни Air Serbia ќе сообраќа на релација Белград-Охрид четири пати неделно. Тука се и традиционалните дестинации до кои се лета во текот на летната сезона, Амстердам, Мастрихт, Варшава и Катовице.
Според актуелниот ред на летање од охридскиот аеродром сообраќаат шест авиокомпании до девет дестинации. Нови авиолинии во државава се очекуваат со повикот за доделување субвенции, што завршува во петок 31-ви март.
Поддршката ќе изнесува седум евра по патник превезен од Меѓународниот аеродром Скопје и 4,5 евра по патник од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.