АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Акција за подигнување зелен отпад У.З.1 Стар Град -сабота

Со првата сабота од месец април , поточно на 01.04.2023 год., започнуваме со реализирање на Календарот за 2023 година на акциите за подигнување на кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид
✔Со календарот е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад. На овој начин се надеваме дека ќе придонесеме да изостанат сликите од одложен ваков вид отпад покрај садовите за депонирање комунален отпад и други несоодветни локации, надвор од динамиката дефинирана во календарот
✔Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.04.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.1 Стар Град.
✔Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 01.04.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот
✔Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад