Прекрасен неделен ден, исполнет со оптимизам дека кај младите сепак работите се менуваат, свеста за природата расте, но и нивната желба да придонесат со свој удел во ова наше парче земски рај кај Љубаништа!
Акцијата планирана за три часа работа , изведена беше за неполни два часа!
На овие прекрасни млади луѓе ни останува да им посакаме никогаш во животот да не ја напуштат таквата навика и енергија!
ЕКО – ФАП секогаш ќе биде нивна поткрепа во овие намери!