АктуелноВидеаВидеоРегион

(ВИДЕО) Котор град кој е под заштита на УНЕСКО гради жичара со која ќе се стигнува од градот до врвот Ловќен

Котор , град кој е под заштита на УНЕСКО гради жичара со која ќе се стигнува од градот до славниот врв Ловќен.  Возењето Котор-Ловќен-Цетиње ќе трае 43 минути.Од 65 метри надморска височина посетителите ќе се искачат на 1.350 метри за 11 минути. Во должина од околу четири километри, со 40 гондоли, жичарницата ќе може да превезува илјада патници на час.

Котор е градкој како и Охрид е дел од светското културно наследство, но кај нив очигледно не е проблем да се изгради објект на планината кој ќе е туристичка атракција, додека иницијативата од 2015 година кога се предложи жичара да се гради на Галичица, од страна на ФБ екологистите и т.н. невладини организации помогнати од повеќето охридски њуз портали и тогашното раководство на СДСМ од Охрид беше нападната, демонизирана и во јавноста прикажана како еколошка опасност еднаква како на Галичица да се фрли атомска бомба.

Жичара има и Дубровник, кој исто така е под заштита на УНЕСКО.

 

фото:

Mondo.me