четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Ќебиња, буриња и цемент извадени од каналзиационата линија на ул.„Димитар Влахов“

По пријава за дефект на канализациона линија на ул. Димитар Влахов екипа на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид излезе на увид на лице место. Поради неможноста да се ослободи линијата со цистерна под млаз вода и констатирано поголемо запушување се премина кон поопсежен зафат и отворање на линијата со градежна механизација. При ископ на канализационната мрежа е откриена причината поради која е настанато запушување на линијата. Извадено е пластично буре, ќебе и остатоци од градежен шут(цемент). Ваквите појави иако се изолирани се почесто се среќаваат во помал обем што говори за нашата култура на живеење како и нашата грижа за јавните добра.