АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Албанскиот ТОП Канал во вестите на ТВ Србија

Охрид денес е во вестите на сите балкански, па и светски телевизии. Во градот се сретнаа премиерот на Косово Албан Курти и претседателот на Србија Александар Вичиќ, а над 200 медиуми се во градот и во живо се вклучуваат во информативните емисии.

Интересен кадар се појави во дневникот на Радио Телевизија Србија, кога во живо од Охрид се уклучи репортерката, а зад неа во кадар се гледаше новинарката на албанскиот Топ Канал од Тирана која истовремено зборуваше во вестите на оваа телевизија.