ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид рамо до рамо на најголемите вертебролски центри.
„На 15 март имавме чест да тренираме и да ја извршиме првата операција на ’рбет со најновата генерација на роботски микроскоп. Чувството беше неповторливо да бидеме рамо до рамо на најголемите вертебролски центри. Нашата болница – Св. Еразмо, со над 120 вертебролски и операции на нерви и операции на отворен мозок е рамо до рамо со клиничкиот центар и заслужува да има ваква најсовремена апаратура која дава огромна сигурност на операциите и значајно го скратува времето на операции. Сите луѓе и ние како оператори го заслужуваме тоа. Се надевам дека наскоро и ние ќе набавиме ваква апаратура со што би се сврстиле во редот на најсовремените центри во Европа“, вели д-р Митре Милошевски .
Фото: ФБ д-р Митре Милошевски