АктуелноОхрид

На комбе кое тргна од Охрид за Скопје пред Кичево му испаднало колцето

Патниците кои од Охрид вчера заминаа за Скопје во 18:00 часот со комбе од Скопски превозник преживеаја голгота. Имено само што тргнале од Охрид кај Добреноец, испаднало колцето на комбето. За среќа нема повредени патници, но истите се сериозно вознемирени.

За Охрид 1 раскажуваат дека возачот на комбето по силно невреме пешачел  за да го најде колцето, а патниците биле оставени на самиот пат да чекаат. Чекале околку 1 час, по што пристигнал автобус од Охридска компанија кои ги превзел патниците и безбедно ги пренесол до Скопје.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски вели дека до овој момент нема пријава за ваков инциден. Тој ги охрабрува патниците да пријават, со цел да се изврши контрола и да имаме безбеден превоз.

 

извор: Охрид 1