АктуелноОхрид

(ФОТО) Ново хумано дело од страна на Вранишката Парохија, купен и дониран електричен инвалидски скутер

Почитувани благочестиви и богољубиви браќа и сестри во Христа Бога. Како што ветивме така и остваруваме, со хумани дела во склоп на нашата парохија. На сеопшта радост за сите нас, денес со ваша несебична помош го купивме и го доставивме електричниот инвалидски скутер на нашата сестра Марина Лазарова од градот Кочани.Во нејзино име ви ја пренесувам неизмерната благодарност бидејќи на некој начин ќе и се овозможи полесна комуникација со останатиот свет. Големо благодарам до сите хумани луѓе чиј дар останува во анонимност,нивните имиња да бидат вечно напишани на небесата.Благодарам и до отец Ромео парох Вевчански кој ни го овозможи денешниот превоз.Умножи ги Господи ваквите богоугодни дела во нашата парохија и секаде во светот. Да ни биде лесен и од Бога благословен
Велигденскиот пост.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.