понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Работна средба на градоначалникот Пецаков со словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес одржа работна средба со амбасадорот на Словача во Македонија, Хенрик Маркуш. Разговорот беше фокусиран на априлската средба со амбасадорите на земјите чии граѓани се добитници на Светската награда за хуманизам.

Договерено е средбата да се одржи во средината на април, на која ќе бидат презизирани деталите за свеченото откривање на споменикот на хуманизмот на 9 август. На истиот ден ќе биде доделена и годишната светска награда за хуманизам, а ќе му биде врачена и на минатогодишниот добитник Далимир Хајко, светски познат филозоф, есеист, литертурен критичар и професор на универзитетот од Жилина, која поради ковид кризата беше одложена на неодредено време.

 

општина Охрид