Изминатиот викенд во просториите на Црвен крст Охрид беше одржана и третата, воедно и последна работилница за младинците од овогодинешниот ЦКА – ПХВ циклус .
Дел од раководството на општинската организација ја искористија оваа можност за да се запознаат и да ги поздрават младинците, но и да ги мотивираат за да продолжат со својата цел .
Обуката ја водеа дисеминаторот Ана Марија Петковска и помошник дисеминаторот Борче Исакоски, како и ПХВ мини менторите. На истата беа исполнети следните очекувања и научени следниве нешта :
Важноста на документацијата
Како се прави документацијата?
Како се оценуваат проектите?
Формирани тимови и избрани мини ментори
Им посакуваме среќа и успех на младинците, но и на сите кои се вклучени во овогодинешниот циклус во реализацијата на нивните проекти наредните два месеци
Црвен крст Охрид