АктуелноОхрид

Кој плати над 400 илјади евра за една третина од Охридски „Галеб“?

По долг период пауза, на Берзата конечно се случи блок трансакција.

Предадени се и откупени близу 33 отсто од акциите на компанијата, или една третина од оваа охридска превозна фирма.

Некој купувач, кој засега не е познат, платил нешто повеќе од 400 илјади евра за безмалку 33 проценти од капиталот на компанијата, што воопшто не е мала сума, објави Фактор.мк. 

Од Берзата за оваа блок трансакција известуваат дека се продадени 13.284 обични акции, по цена од 1.858 денари по акција. Па така, вредноста на трансакцијата во денари е 24.681.672 денари или 401 илјади евра. Откупениот дел од акциите изнесува 32,98 процентои од капиталот на компанијата.

Од Берзата известуваат дека номиналната вредност на една акција е 50 евра.

Според графиконите кои ги објавува Берзата, може да се види дека досега немало воопшто тргување со акциите на „Галеб“ Охрид, така што не може да се види ни колку досега изнесувала просечната цена на акциите на компанијата.

Текстот во целост на:Фактор.мк.