АктуелноОхрид

Државата реализирала само 4 од 19 препораки и тоа делумно – Охрид може да го изгуби статусот на УНЕСКО?

Од 19-те клучни препораки кои Унеско побара да се исполнат со цел Охрид да не го загуби статусот на заштитено подрачје, државата реализирала само 4 и тоа делумно- тврдат невладините организации од Македонија и Албанија. Обвинуваат и дека последниот извештај кој министерството за култура го испрати до Центарот за светско наследство не кореспондирал со реалната ситуација,многу аспекти нотирани во извештајот не се точни и го затскриваат уништувањето на природното и културното наследство на охридскиот регион, објави Алфа.

Прашањето е сега зошто се поднесува ваков извештај ? И не е прв пат да се поднесува ваков извештај.Во Баку во Азербејџан пред неколку години беше исто поднесен фалш извештај, па невладините организации го открија тоа па повторно се извинуваа тие од министерството и од Националата комисија на Унеско.Редовно се поднесуваат извештаи кои само го затскриваат проблемот и го ставаат ѓубрето под тепих, вели Никола Киселинов-туристичка асоцијација “Билјана”-Охрид

Се срамам на моменти кога ние доаѓаме во ситуација да треба да чекаме експерти од Унеско да ни кажат што треба да правиме на најстарото езеро во Европа и во светот.Зарем толку немаме ние грам капацитет да не можеме да го заштитиме езерово? Културното наследство е во сериозни проблеми и од албнска и од охридско-струшка страна, вели Сашо Кироски-дипломиран археолог од Асоцијацијата за заштита на природното и национално богатство.

Се додека не се справиме со дивоградбите,ќе види статусот на Охрид под капата на Унеско,сметаат граѓанските активисти,силно критикувајќи го однесувањето на иституциите.Тврдат дека извештајот од едвам 60 страници испратен до Унеско содржел само 4 реченици за проблемот со дивоградбите,иако тоа е една од главните препораки на Центарот за свестско наследство.

Страда туризмот и во Струга и во Охрид поради хаотичната состојба на урбанизација,исто така голем проблем е заштитата на Охридското езеро и човечкото влијание врз нашиот екосистем, Блерим Положани-граѓански активист од Струга.

Статусот на една дестинација која што се наоѓа на листата на светското културно наследство е многу важен, во поглед на збогатена туристичка понуда, имајќи ја во предвид вредноста со која што таа располага.Срамно е тоа што се дозволи после 4 деции Центарот за светско наследство, да бара Охрид да се стави на листата на загрозени подрачја-ценат експертите по туризам.

извор: Алфа.