Крсте Спасески,член на Собрание и претседател на Месен огранок ,,Абаз Емин, и ,,Седми ноември,,. испрати допис во кој ги објаснува изборните активности во здружението на пензионери.
Во продолжение го пренесуваме дописот во целост:
Во охридското здружение на пензионерите во тек се изборни активности за нови органи за периодот од 4 години односно од 2023 до 2027 година.Изборните активности во 21 Месен огранок почнаа на 8 февруари а треба да завршат до 9 март, годинава.Во Изборните активности досега има невиден нарушен континуитет и без никакви правни статутарни процедури,кои досега не се забележани.
Рошомонијадата на изборите во Месните ограноци е настојувањето и упорноста по секоја цена да останат повторно на власт во здружението досегашниот претседател Ѓорѓи Трпчески и секретарот Стефан Владимиров, преку ,врски,убедувања, непотизам, со блиски роднини,пријатели, и со асистенција на полиција, впрочем нешто непојмливо и невидено досега.
И двајцата, Трпчески како претседател кој е 24 години претседател во здружението, а Владимиров 12 години секретар, од ,,петни жили, се борат да опстанат уште еден четиригодишен мандат.Ваков пример е невиден во ниедно здружение од 53 во републикава.
Поради нивното несовесно,неодговорно однесување и големата желба и обседнатост да останат уште на власт,иако го раскрчмија здружението со судски процеси,злоупотреба на службената положба и овластување во вредност од 15.000.000 милиони денари од членарината на пензионерите,му кумува и Комисијата за избори, оја ја сочинуваат седум члена од нивни членови во Извршниот одбор,кои упорно прават разни махинации,Трпчески и Владимиров,повторно да останат на власт во ЗП Охрид и Дебрца.
Местенките од нивни ,,послушници,, и ,,поданоци,, подмитени со награди и пријателски врски, со само една цел на Изборните состаноци за Трпчески и Владимиров да останат уште четири години на раководство,во многу се наруши изборниот процес во Месните ограноци.Резултат на тоа се прекините и поништените изборни состаноци во десетина Месни ограноци,бидејќи Трпчески и Владимиров, увидоа дека ги губат изборите, од пензионерите кои дваесетина години, а особено последниве десет години,немаат никакви активности и дека работат за нивни лични интереси со парите од членарината на пензионерите.
Во досегашниот изборен период нарушен е изборниот процес во Месните ограноци во ,,Воска и Далјан,, во ,,Дејан Војвода,, во Горна,Средна и Долна Дебрца, ,,Центар,, ,,Железничка,, и други кои според статутот мора повторно да се одржат,иако ,,нивната,,Комисија за избори смеслено и вешто ,,избегнува,, да присуствува на повторените изборни сотаноци.Патем да споменеме дека во Комисијата за избори, се избрани седум члена, сите членови на Извршниот одбор.Минатите изборни циклуси Комисијата за избори ја сочинуваа три члена, а овој пат за прв пат седум члена.
Карактеристика за овие избори е тоа што за претседатели или членови на собрание се бираа и лица кои не се со место на живеење во Месниот огранок од каде што треба да бидат избрани.
И на крај најтраги-комични се двата случаи на Изборни состаноци во Месните ограноци ,,Железничка,, и ,,Центар,, .
Имено, во Месниот огранок ,,Железничка,, од каде што припаѓа актуелниот претседател на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓија Трпчески,тајно со околу 10 пензионери во Домот на пензионерите во неделата напладне,со негови најблиски роднини,комшии и пријатели,одржал изборен состанок и бил избран за член во Собранието на здружението, по седми пат да биде избран за претседдател на ЗП Охрид и Дебрца или непрекинато 28 години,кој сега е во 87-та година од животот, со над 40.000 пензија, 15.000 месечен надоместок како претседател од здружението и другите парични и материјални бенефиции.
По истиот терк, Изборен останок е одржан и во Месниот огранок ,,Центар,,.Таму пак за член во Собранието, а потоа и за секретр или претседател на ЗП Охрид и Дебрца е избран актуелниот секретар Стефан Владимиров, кој во три мандати,односно 12 години е секретар а сега ,,посакува,, по четврти пат да биде на една од двете највисоки функции во здружението,кој се смета за еден од најголемите корумпирани и некадри да го раководат здружението заедно со актуелниот претседател ЃорѓијаТрпчески.
Имено, секретарот Стефан Владимиров во Месниот огранок ,,Центар,, со пет-шест негови блиски пензионерки, ,,тајно,, одржал изборен состанок и бил избран за член на новото Собрание со неговата досегашна претсеателка на огранокот.По осум дена на нивниот избор како што им било закажано на пензионерите од ;;Центар,,се собрале околу 40 пензионери од истиот Месен огранок,по покана на Комисијата за избори,, да одржат изборен состанок, но им било речено дека е одржан изборен состанок и дека изборот е завршен.Притоа настанал вербален конфликт меѓу претседателот Трпчески и присутните пензионери при што конфликтот бил смирен по интервенција на преставници на охридската полиција.
Ова се само мал дел од нарушените процеси од изборната постапка за периодот од 2019 до 2023 година,на новите четиригодишни избори во ЗП Охрид и Дебрца, за која главни ,,виновници,, и носители на овој срамен чин се сегашниот претседател и секретар на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески и Стефан Владимиров, со единствена намера и двајцата да продолжат да раководат со охридското здружение уште четири години, и да се гостат и ја крчмат членарина од 30 денари на 11.300 охридски старосни и семејни пензионери.
Крајно е време охридските пензионери, овој пат конечно ако треба и со радикални мерки, да им застанат на патот и ги сопрат нивното самоволие, корумпирано владеење,непотизмот,и полициското некултурно однесување,изопачена комуникација,невидена ароганција,препотентност на Ѓорѓија Трпчески и Стефан Владимиров, да престанат да ги ограбуваат и злоупотребуваат тешко стекнатите и заработените пари од членарината на пензионерите, за која низ работниот век од 40 години, пензионерите ја одвојуваа од својата плата, и од устата на своите синови и ќерки, во екот на нивното школување.
автор: Крсте Спасески,член на Собрание и претседател на Месен огранок ,,Абаз Емин, и ,,Седми ноември,,.