АктуелноОхрид

Општина Охрид до Левица: Вашиот член во УО на ЈП „Водовод“ да ви објасни дека ЈП Водовод, нити барал, а нити има можност да бара било какво покачување или намалување на цената на водата за пиење

Доколку Левица се сериозна политичка организација како што милуваат да се прокламираат, чесно би било партијата Левица да го повика нивниот член од Управниот одбор на ЈП „Водовод“ и истиот подробно да им го објасни бизнис планот на претпријатието кој го гласал, се вели во реакцијата од општина Охрид на соопштението од Левица во кое велат дека Неуспешното менаџирање на ЈП Водовод ќе резултира со 70% повисоки сметки.

Во продолжение на реакцијата од локалната додаваат:

Доколку се сериозна организација, како што не се, нема да ја манипулираат јавноста со цел прибирање на ситни политички поени, а нивниот гнев ќе го насочат на вистинската адреса.
Јавното прептријатие „Водовод“ согласно закон и бизнис план, доставува информација за вкупните расходи и приходи врз чија основа Регулатрона комисија утврдува цена на водата. Од информацијата до Регулаторна комисија јасно се гледа, а тоа може да им го потврди и нивнио член од управниот одбро на Јавното претпријатие, дека во делот расходи едниствено зголемување има во однос на лектричната енергија, за што Градоначалникот Кирил Пецаков постојано апелираше
до надлежните институции за излегување во пресрет со енормното зголемување на цената за електрична енергија. Во делот на ставката за вработени во изминатиот период таа се намалува.

Оттука како заклучот може да се извлече дека ЈП „Водовод“ нити барал, а нити има можност да бара било какво покачување или намалување на цената на водата за пиење. Тоа е одлука на Регулаторна комисија, а нивната одлука ЈП „Водовод“ мора да ја почитува.

извор: Општина Охрид