АктуелноОхрид

Пријава за охриѓанец кој украл пари додека користел слободни денови од струшкиот затвор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишениот жител од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Пријавениот на 26-ти февруари 2023 година, на улицата „Гоце Делчев“, за време на користење слободни денови од казнено-поправната установа Затвор Теферич – Струга, со закана и употреба на сила од 20 годишен  одзел пари, информираат од МВР.

извор: МВР