Наш ИзборНаш изборОхрид

ОО СДСМ: Дали со барањето за поскапување на водата за пиење целта е да се прикрие Планот за вработување за 2023 година, во кој директорот предвидел две нови вработувања?

Негрижата кон охриѓани од страна на Локалната самоуправа предводена од ДПМНЕ уште еднаш се покажа на дело. Актуелниот директор на ЈП „Водовод“ Охрид, кој своето време и енергија наместо кон пронаоѓање начин за средување на финансиската состојба на претпријатието и 50 % загубата на вода ги троши само за да обезбеди согласности за нови работни места за уште некој од своите сопартијци, без ниту грам морал и без трошка чувство на отчетност кон народот, неспособноста за менаџирање на претпријатието се обиде да ја маскира со барање за поскапување на цената на водата за пиење и тоа за „скромни“ 70%, се вели во соопштението од ОО СДСМ Охрид.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Оттука, прашуваме :

– Дали со барањето за поскапување на водата за пиење, кое свесно му се натоварува на охриѓани, целта е да се прикрие Планот за вработување за 2023 година, во кој директорот предвидел две нови вработувања ?

– Дали оправданоста на барањето на поскапување на водата ја гледаат во можност парите да се трошат за вработување на нови лица ? Моментално во претпријатието има околу 10 нови вработени со Договор на дело, дуплирани работни места и очигледно партиски послушници на ДПМНЕ. Да потсетиме, за да се задоволат партиски апетит, во месец октомври 2022 година Директорот испрати околу 20 постојано вработени лица во претпријатието на 70 %, а прими нови. Истата ситуација се повторува и сега за месец март 2023, каде Директорот со писмена согласност од Општината за итни и недложни работи, планира сега да им го продолжи договорот на тие лица, што значи повторно ситуација на дуплирани работни позиции, а донел или ќе донесе Одлука за повторно да испрати постојано вработени лица на 70 %. А од друга страна, бара поскапување на
водата за пиење !

Во предизборната програма на ДПМНЕ за антисоцијални мерки, оваа е уште една во низата на товар на граѓаните на Охрид. Неспособноста, партиската послушност и личните лукративни цели не смеат да бидат причина за уште едно поскапување на услугите на јавните претпријатија на товар на охриѓани.

Извор: ОО СДСМ Охрид