АктуелноОхрид

Почна, но веднаш се одложи судењето за напаѓачот на Пендиков – ќе продолжи на 5-ти април

Главната расправа од судењето за напаѓачот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков одложена за 5-ти април. Денеска на првото рочиште одбраната на обвинетиот побара, а Судот прифати одложување. Одбраната побара да им бидат доставени доказите прибрани од Обвинителството.

Што се однесува пак до барањето на обвинителстото да сведочи и нападнатиот Пендиков, кој во моментот е во Бугарија, обвинителите рекоа дека не се знае кога тој ќе може да присуствува.

– Не знаеме кога ќе може да присуствува Пендиков поради медицински причини, се зависи од рочиштето, рекоа обвинителите.

На обвинетиот му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди, а предметот го води судијата Бојан Мартиноски.

Според процедурите, Пендиков би требало да изврши препознавање на напаѓачите и за да му достави покана на Пендиков, охридското обвинителство преку бугарските власти се обиде да ја обезбеди адресата на неговото сегашно престојувалиште.

– За правилно утврдување на фактичката состојба ќе биде неопходно и оштетениот да учествува во постапката пред обвинителството во својство на сведок, појаснуваат од обвинителството по испраќањето на барањето до бугарските власти.