АктуелноОхрид

Гимназија: „Простувањето е најдобрата форма на љубовта. Само силните луѓе знаат да кажат извини, а само најсилните знаат да простат“

„Згаснете ја омразата! Воопшто не може да се живее ако не се простува.“ Иво Андриќ Во духот на традицијата, како дел од празнувањето на празникот Прочка, вештите раце на нашите ученици, под менторство на професорката Катерина Слатинова, ги изработија овие покладни маски кои се изложени во просториите на Гимназијата. Исто така, ја пренесоја и пораката за простување која е во духот на празнувањето на овој празник. Простувањето е една од најтешките лекции што ги учиме во животот. Но, да си простиш себеси, а уште повеќе на другите луѓе, тоа значи да се ослободиш од насобраниот гнев и лутина и да ја ослободиш својата душа за возвишени дела. „Простувањето е најдобрата форма на љубовта. Само силните луѓе знаат да кажат извини, а само најсилните знаат да простат“, велат од Охридската Гимназија.