Во периодот од 12 до 16 фебруари 2023 година, 4 ученички од Охридската Гимназија, Елена Лангоска, Ема Тасеска, Бојана Суклоска, Тања Војдиновска придружувани од прoфесорките Александра Томоска и Елизабета Левеска успешно реализираа уште една фаза од проектот „Let’s change the world with Renewable Energy”, овој пат во Марупе, Латвија. Домаќините, Mārupes Valsts ģimnāzija , имаа за задача да го претстават функционирањето на важноста на водата во создавање на енергија на партнер училиштата од Словенија, Полска, Турција, Белгија и Македонија. Во првиот ден започна авантурата на самата мобилизација.Беше реализирана мала прошетка околу гимназијата а потоа следуваа игри како ice-breaking за подобро запознавање и интеракција помеѓу децата.
Вториот ден учениците го посетија Riga Motor Museum кој е најголемиот музеј за антички возила во балтичките земји сместен и лоциран во Рига Латвија. Третиот ден имаше посета на градот Ventspils ,прошетка покрај Балтичкото Море, како и посета на еден од најпознатите центри за наука Visium, каде учениците беа поделени во две групи реализирајќи ги активностите во самиот Центар за Наука. Четвртиот ден на оваа програма продолжи во Marupe State Gymnasium каде што се одржаа Science Zone активности.
Учениците имаа можност дa учествуваат во самото изведување на експериментите информирајќи се за интересни факти, од сферите на хемијата и физиката за водата и нејзините физички и хемиски својства. Потоа следуваше делот на изработка на презентации и реализирање на истите , на тема хидропотенцијалот и водата како главна компонента.
Ова повторно беше едно ,збогатувачко искуство и за нашите ученици и за нашите професори кои ќе ги пренесат и научените информации и впечатоците на своите соученици и колеги за да ги инспирираат да учествуваат во вакви проекти во што поголем број.
извор: Гимназија Охрид