Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, која го негува Таеквон-до ИТФ, точно после 31 година постоење конечно доби Решение дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт .
Таеквон-до ИТФ во Македонија го донесе г-н Саша Поповски носител на црн појас V дан, некогашен репрезентативец на Југославија кој за време на распадот на Југославија бил приморан да се пресели за време од војната во нашата држава. Отворајќи го првиот клуб на 22.02 1992 година во Охрид, кој и ден денес опстојува под името Таеквон-до клуб “МАСТЕР”Охрид.
Во изминативе триесет години имаме учествувано на седум Светски и шест Европски првенства од кои досега имаме осовено 3 медали од Светски првенства, златен, сребрен и бронзен, и 6 медали од Европски првенства , 3 бронзени и 3 сребрени медали. Изјавува Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, поранешен светски вицешампион Прага ’96, сегашен претседател на МТТФ, кој е трет претседател на МТТФ и ученик на Саша Поповски, кој користи прилика да изрази огромна благодарност до Агенцијата за млади спорти , и директорот г-н Наумче Мојсоски. Воедно честитки до АМС и до директорот на АМС г-н Наумче Мојсоски пристиганаа и од првите луѓе на ИТФ (ИнтернационалнаТаеквон-до Федерација) претседателот проф. Ри Јонг Сон, и претседателот на ЕИТФ (Европската ИнтернационалнаТаеквон-до Федерација) Гранд Мастер Мајкл Е Пруит.
Како за старт МТТФ му ја додели честа на Таеквон-до клуб “МАСТЕР”Охрид, како најстар клуб, да го организира првото државно првенство во Таеквон-до ИТФ на 11 март 2023, во спортската сала (мала сала)Билјанини извори.