недела, ноември 17, 2024
АктуелноОхрид

Лице барано со централна потерница фатено во Охрид

На 21.02.2023 во 17 часот, полициски службенци од СВР Охрид лишија од слобода 23 годишен жител од Битола. Тој беше баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО.

извор: СВР Охрид