Здравствени работници претпладнево во тек на паузата протестираа. Тие бараат покачување на платите и усогласување со промените на минималната плата. Протестите се одржаа во Скопје, но истовремено протести се одржаа и во други градови низ државата меѓу кои и Охрид.
Согласно податоците од Комората на лекари, како што беше нагласено на протестот пред Клиничкиот центар, 2 200 лекари во последните три години ја напуштиле државата.
Русе Пецаноски од овој синдикат истакна дека протестот е израз на незадоволство поради тоа што за три години, платите биле покачени само пет проценти. Негодување, како што рече, имало и поради пензионирања на околу 180 врвни стручни лица кои немале право да продолжат со работа.
извор: Охрид 1